Сведоштво на тетовчани: Пред 17 години го изгубивме домот, денес државата

 Breaking News

Сведоштво на тетовчани: Пред 17 години го изгубивме домот, денес државата

Сведоштво на тетовчани: Пред 17 години го изгубивме домот, денес државата
March 15
14:06 2018

Законот за двојазичност во Македонија со кој целосно се подрива унитарниот карактер на државата беше изгласан на 14 март, што случајно или не е датум кога почна конфликтот во 2001 година.

Конфликтот тогаш почна со нападите на УЧК предводено од Али Ахмети во Тетово, град кој даде многу жртви и раселени лица во овој конфликт.

Тетовци, на социјалните мрежи се присетуваат како на овој црн датум ги изгубиле домовите.

Исто како на 14 март 2001 година, денес Македонија повторно плаче од своите синови. Се дел од забелешките на граѓаните кои се присетуваат на овие трагични моменти.

„14.03.2001 година…
Јас дете. Плаво девојче на 7 години кое штотуку го изело ѓевречето на големиот одмор и веќе се спрема да се врати на часот. Се слушна училишното ѕвонче и сите се вративме во своите клупи.

Нешто пред пладне веќе почнале пукотниците. Се сеќавам дека мајка ми дојде да ме земе од училиште, иако имав уште час и половина до крај. Мајка ми видно вознемирена ме држеше за рака и брзавме накај дома.

Татко ми веќе во жариштето на злото, бидејќи таква и му беше работата…
Општ хаос, страв, измешани чувства кои не знаев да ги опишам. Имав само 7 години, но сега ги разбирам.

Само оној кој не го поминал тоа посакува денес пак да има војна. Да не знаеш каде е татко ти, да стоиш под клуч и страв.
Затоа мора да прекине.

Денес сум горда на хероите кои си ја одбранија Татковината, но и тажна.
За многу прерано згаснати животи, прегратки за последен пат, мајки завиени во црно и затворени огништа.

Денес на истиот ден повторно се случува предавство.
Денес Македонија повторно плаче, од своите синови.“ гласи фејсбук статусот на Невена Величковска.

Коментари

Коментари

Related Articles