Снежана Георгиевска: Не, не се разведуваме – нашата љубов е БИБЛИСКА и планини преместува!

 Breaking News

Снежана Георгиевска: Не, не се разведуваме – нашата љубов е БИБЛИСКА и планини преместува!

Снежана Георгиевска: Не, не се разведуваме – нашата љубов е БИБЛИСКА и планини преместува!
March 07
17:56 2018

По шпекулациите изнесени од порталот Либертас, за новоден развод на бракот на екс премиерот Љубчо Георгиевски и неговата сопруга Снежана Георгиевска, Галама ја контактираше госпоѓа Снежана Георгиевска и ја замоливме за краток коментар во врска со наведените шпекулации.

Еве што ни изјави Георгиевска:

“Во трите децении заеднички живот со мојот сопруг, не еднаш сме биле соочени со објавувани дезинформации и ноторни лаги, ставајќи не’ во позиција да објавуваме деманти!

Кога станува збор за нашиот личен живот и нашата приватност, под нивото на нашето лично достоинство е да се занимаваме со злонамерни инсинуации за нашиот брак, но бидејки станува збор за тенденција со умисла: уривање на нашиот углед, изрично ја демантирам веста за нашиот “наводен развод”!!!

Значи, заедно сме и така ќе биде, се’ додека меѓу нас битисува сведоштвото на БИБЛИСКА ЉУБОВ која што и “ПЛАНИНИ ПРЕМЕСТУВА”!!!

А злонамерните текстови, ќе продолжат да оѕвонуваат во празнина како “кимвал што ѕвечи”!!!”

Коментари

Коментари

Related Articles