Седење пред телевизор или пред компјутер: Еве што е полошо и зошто!

 Breaking News

Седење пред телевизор или пред компјутер: Еве што е полошо и зошто!

Седење пред телевизор или пред компјутер: Еве што е полошо и зошто!
March 09
16:25 2018

Мажите кои гледаат телевизија повеќе од четири часови дневно, го зголемуваат ризикот од развој на рак на црева, открија истражувачите од Оксфорд.

Тие следеа 500.000 Англичани во текот на шест години, па пронајдоа голема врска помеѓу начинот на живот и ракот на црева. Но посебен ризик е откриен кај мажите, отколку кај жените.

Подобро е да седите пред компјутер, отколку да гледате телевизор

Тоа што ги шокираше научниците е фактот дека нема никаква врска со седењето пред компјутер. Многу е поопасно да седите пред телевизор, отколку пред компјутер.

Постојат многу контроверзни прашања, а едно од нив е зошто седењето пред телевизор е поштетно, отколку пред компјутер.

„Постои доказ дека големо влијание имаат рекламите за брза храна, која ја зголемува потребата за храна кај луѓето, а со тоа и полесно луѓето ќе добијат повеќе килограми“, вели проф. Линда Баулд.

Коментари

Коментари

Related Articles