СДСМ Општина Могила не застанува: „На Лагата и се кратки нозете“ нова порака до премиерот и градоначалничката (ФОТО)

 Breaking News

СДСМ Општина Могила не застанува: „На Лагата и се кратки нозете“ нова порака до премиерот и градоначалничката (ФОТО)

СДСМ Општина Могила не застанува: „На Лагата и се кратки нозете“ нова порака до премиерот и градоначалничката (ФОТО)
March 07
19:38 2018

Имено на официјалниот фејсбук профил на општинскиот комитет на СДСМ Могила во фејсбук пост членовите на СДСМ бараат остварувања на предизборните ветувања на Заев.

Конкретно бараат укинување на извршителите како што ветиле високи партиски функционери на СДСМ како и лично Заев.

Незадоволството на членовите на владеачката партија е очиглено, велат дека поради однесувањето на градоначалничката двете илјади гласови кои СДСМ ги доби на локалните избори се сведени само на петстотина гласа. Според нив на следните избори СДСМ во Могила катастрофално би изгубило и никогаш не би се вратило на власт.

Од оштинската организација на СДСМ Могила велат дека некои одредени членови добиле многу, а останатите останале со празни раце.

Еве го изворно постот на СДСМ-Општина Могила:

-Господине Премиере како што ветивте укинете ги извршителите, да си стоите на зборот затоа што ако дојдете во Општина Могила тие 2000 гласови што ги имавме со понашањето на градоначалничката сега ќе има 500 и тие ни се многу следни избори Гулевска катастрофално ќе изгуби, и СДСМ повеќе никогаш нема да дојде на влас во историјата на Могила никогаш затоа што не заслужува.

Пеце Кондовски и другата тајфа се шлепаа преку Могилската Организација и добија што добија, а сега нигде ги нема еј што велеше Владо Јовановски. Мојата Чудесна земја Македонија, Страм и резил на векот е СДСМ во Могила.

Но денеска СДСМ Општина Могила повторно објави порака на својата страница:

„Демант, Демант ,Демант …

На Лагата и се кратки нозете ,Странавa не е хакирана може да проверат надлежните институции . Странава ја води Кандидат за Советник од редовите на Сдсм и Шефот на Штабот на Млади на Локалниве избори 2017 година .

Во Врска со тоа што лажеш и на Социјалните мрежи не е спорно на тоа сме навикнати во живо повеќе лажеш и тоа го докажа безброј пати.

А во врска со тоа дека работиш може да излажеш некој Од Скопје што не те знае а ние што живееме во Могила – НЕ.

Те повикувам јавно да излезеш и да кажиш каков проект имаш направено овие 4 месеци и каква добротворна активност имаш преземено , освен да ги уценуваш омаловажуваш, и да му се закануваш на членовите од Сдсм ова е СТРАМ за еден градоначалник вака да се понаша и да лажи секого кого ке стигне .

Но Вистината Секогаш излегува на Виделина немој да сумлјаш дека овој пат нема да биде така .

Знаеш ти добро за што говорам Бомбите Заев не ги објави сите остави некоја и за понатаму -онака да се најди за секој случај.“

Коментари

Коментари

Related Articles