Пратеничката на СДСМ реагира: Кукавички ми го запаливте автомобилот но не ви се плашам

 Breaking News

Пратеничката на СДСМ реагира: Кукавички ми го запаливте автомобилот но не ви се плашам

Пратеничката на СДСМ реагира: Кукавички ми го запаливте автомобилот но не ви се плашам
March 15
12:34 2018

Пратеничката на СДСМ, Славица Шуманска – Митева, вели дека зад синоќешното инцидент, каде беше запален нејзиниот автомобил, стојат вандали охрабрени од вчерашното однесување на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

Слушнавме тресок и излеговме надвор, автомобилот гореше, а по улицата имаше линија од пламен, онаму каде бил истурен бензин и запален.

Штетата не е целосна затоа што сопругот успеа да го изгаси пожарот на време. Имавме среќа што не спиевме, да спиевме колата ќе експлодираше, реагира пратеничката за Фокус.

Вели дека добивала и заканувачки пораки, но не верувала дека ќе дојде до ова. Од име на цела пратеничка група, такви работи не треба да се случуваат. Сигурно е сценарио на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи само они се спремни на вакво нешто. Ова се надевам ќе биде последно, вели таа.

Коментари

Коментари

Related Articles