Последната фотографија со другарките – Мина од својата моминска заминала директно во смрт при авионска несреќа во Иран (фото)

 Breaking News

March 12
19:24 2018

Турската телевизија NTV соопшти дека во авионската несреќа која се случи вчера во Иран, загинала ќерката на шефот на одборот на директори на инвестицискиот холдинг „Basaran“ Хусеин Башаран – Мина Башаран.

Според извештаите на турските медиуми, во авионот имало 7 други девојки, а загинале вкупно 11 лица.

Турските медиуми претходно пренеле дека станува збор за ќерката на Басаран, 28-годишната Мина и седум нејзини пријателки, кои се враќале во Истанбул од моминска вечер во Дубаи, наведува “Reuters”.

Девојките заминале во Дубаи да направат моминска забава, подготвувајќи се за свадбата на Мина, која едвај ја чекале. Таа требало да се венча во април.

Но, по големата трагедија, наместо да слават свадба, сега нивните семејства треба да организираат 11 погреби.

Иранската државна телевизија ја пренела изјавата на портпаролот на агенцијата за вонредни ситуации, Мојтабе Каледија, дека авионот удрил во планината Шар е Кодра и се запалил.

Коментари

Коментари

Related Articles