Полицијата се поднови со нови „Шкоди“, но зделката матна, пари од Чешка стигнале во Македонија

 Breaking News

Полицијата се поднови со нови „Шкоди“, но зделката матна, пари од Чешка стигнале во Македонија

Полицијата се поднови со нови „Шкоди“, но зделката матна, пари од Чешка стигнале во Македонија
March 13
16:35 2018

Фирма која се водела како донатор на СДСМ го добила тендерот за набавка на нови полициски автомобили марка Шкода со парите кои државата ги доби како донација од Чешка, јавува БИРН.

Станува збор за фирмата „Делукс-ауто“ од Куманово која може да се види дека на СДСМ му донирала во 2016 година.
БИРН јавува дека Чешка парите ги донирала во јуни 2017 година, а договорот за набавка е склучен 3 месеци подоцна во септември.

Интересно е што на тендерот учествувале најголемите компании кои се и увозници на овие возила како Порше Македонија која е и увозник на овие автомобили. За да биде уште поинтересно, фирмата Делукс-ауто автомобилите ги набавува токму преку Порше Македонија.

Сепак од Порше Македонија велат дека постапката била транспарентна па не поднеле жалба, пишува Призма.мк

Коментари

Коментари

Related Articles