Научниците открија 70-годишна мистерија: Еве што му прават магнетните бранови на Сонцето!

 Breaking News

Научниците открија 70-годишна мистерија: Еве што му прават магнетните бранови на Сонцето!

Научниците открија 70-годишна мистерија: Еве што му прават магнетните бранови на Сонцето!
March 06
22:26 2018

Научниците од Универзитетот во Белфаст водеа интернационална мисија за истражување на магнетните бранови, кои се пробиваат низ сонцето, а заклучија дека истите ја загреваат атмосферата на сонцето.

Сонцето е извор на енергија, кој го одржува животот на Земјата, но многу работи остануваат мистерија за него. Група истражувачи открија нови мистерии, кои ги објавија во научен труд.

Во 1942 година, шведскиот физичар и инжинер Ханс Алфен предвиде постоење на нов бран, а поради тоа ја доби Нобеловата награда за физика во 1970. Од тогаш, брановите на Алфен беа поврзувани со многу извори, вклучувајќи и нуклеарни реактори, лабораториски експерименти, медицински слики и атмосферата на нашата најблиска ѕвезда – сонцето.

Научниците велат дека овие бранови може да играат важна улога во одржувањето на екстремните температури на сонцето, но досега не беа во можност да го докажат тоа.

„После долго време научниците од светот предвидуваат дека брановите на Алф ен патуваат низ сончевата површина за да се пробијат во погорните слоеви, притоа ослободувајчи големи количини на енергија во вид на топлина. Во текот на последната деценија, научниците успеаа да докажат дека брановите постојат, но досега немало директни докази дека имале способност своето движење да го претворат во топлина.“

За истражувањето беа користени високо напредни опсерватории од сончевиот телескоп Дан во Ново Мексико, а притоа се анализираше најсилното магнетно поле, кое се појави во сончевите зраци.

Др. Самуел Грант на ова коментира:

„Прекинувајќи ја светлината на сонцето во нејзините составни бои, нашиот меѓународен тим истражувачи успеа да го истражи однесувањето на одредени елементи од периодниот систем во сончевата атмосфера, вклучувајќи го калциумот и железото“

„Откако овие елементи беа извадени, интензивни блесоци на светлина беа забележани во делови од сликите. Овие интензивни блесоци ги имаат сите белези на Алфвен брановите, кои ја претвораат својата енергија во ударни бранови, на сличен начин кога суперсоничен авион создава бум надминувајќи ја брзината на звукот“

Коментари

Коментари

Related Articles