Македонците во Малта организираат донирање на средства за Александар, замолуваат за сите кои се во можност да помогнат

 Breaking News

Македонците во Малта организираат донирање на средства за Александар, замолуваат за сите кои се во можност да помогнат

Македонците во Малта организираат донирање на средства за Александар, замолуваат за сите кои се во можност да помогнат
March 08
23:06 2018

Почитувани
Со неизмерна тага ве информираме дека македонската заедница во Малта остана без уште еден нејзин член .

Александар Грујовски пред неколку дена почина во Малта по пад од карпа на Golden Bay . Во чест на нашиот брат, другар , познаник македонскиот центар во Малта во координација со неговото семејство организира донирање на средства ( ДЕНЕС И УТРЕ ) .

Имено во македонскиот центар во Мсида ( наспроти Volkswagen салонот за автомобили ) е поставена кутија на која сите добронамерници можат да донираат за помош на семејството .

Телото на Александар ќе биде погребано во Малта по барање на неговото семејство .

Ве замолуваме сите кои сте во можност да дојдете и да допринесете за собирање на средства кои во овие тешки моменти им се потребни на семејството.

Да покажеме уште еднаш дека македонската заедница во Малта е сплотена и во добро и во за жал вакви немили настани.
Центарот овие два дена ќе биде отворен до 18;30 часот .

Ве замолуваме да го споделите ова со сите добронамерници кои живеат во Малта а сакаат на било каков начин да помогнат .

Во однос на погребот и кога тој би се случил ќе ве информираме дополнително , бидејќи во моментов сеуште трае обдукцијата на телото .

Ве очекуваме
Со почит македонци во Малта

Коментари

Коментари

Related Articles