Хуманитарен концерт „За љубов насекаде“

 Breaking News

Хуманитарен концерт „За љубов насекаде“

Хуманитарен концерт „За љубов насекаде“
March 06
11:51 2018

Црвен Крст на РМ ООКисела Вода Ве поканува повторнo да ја покажете вашата хуманост преку гостувањe на овоj хуманитарен концерт организиран од страна на нашите волонтери со цел да му помогнеме на семејството Христови -Самохран татко кој живее со својата 80годишна мајка која ја откажала својата операција се со цел да не ги остави своите внуци од 7 и 10години сами низ животот.

Нивниот татко не прима социјална помош со што неможе да им обезбеди достоинствен живот кој секој го заслужува. Да подадеме рака и донесеме љубов и насмевка во нивниот дом!

Оваа активност се организира од страна на ЦК – ПХВ програмата која им помага на загрозените лица ширум Македонија.

Картите ќе се продаваат по цена од 100 денари почнуваjки од 28.02.2018 (Среда) и истите можат да се резервираат или да се купат пред самиот почеток на концертот.

ЗА ДА ЈА РЕАЛИЗИРАМЕ НАШАТА ЗАМИСЛА ЌЕ СЕ ПОГРИЖАТ ГОСТИТЕ:

1. Стеффoнатор
2. Денис Димоски
3. Вокално инструментален состав-Аманет
4. Ведран Златановски
5. Симеон Коруноски

6. Група Респекти
7. Благица Ѕунзуровска
8. Live Band
9. Фолклорен ансамбл СЕДЕНКА
10. Марија Спасовска

и голем број други бендови и солисти кои со своето учество ќе допринесат за подобро утро на ова семејство.

Сите собрани парични средства ќе бидат наменети за целосно реновирање на домот, тоалетот и мебелот на горенапоменатото семејство Христови односно, самохран татко со две малолетни дечиња и неговата мајка.

За повеќе информации можете да се обратите во порака или на следните телефонски броеви.

Маја:
072-311/014
Ангела:
071-997/771
Иван:
072-246/933
Петар:
070-231/878

Стефан:
070-231/875
Марија:
072-209/326
Ивона:
075-632/923
Моника:
072-236/643

Програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот крст на Р.Македонија. Истата се имплементира во сите Општински организации на Црвен крст и на годишно ниво обучува околу 1200 младинци, потенцијални волонтери во организацијата и 45 дисеминатори кои работаат со младинците.

Младите добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, учат за културата како систем од вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество.

Младите во текот на овие обуки добиваат и практични знаења како да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата во којашто живеат, а при тоа се охрабрени да ги користат сопствените капацитети за изработка на проектите преку кои помагаат на ранливото население.

Во текот на цилкусот 2017 година обуката ја поминаа 1247 младинци, и беа изработни 192 мали проекти за добробит на заедниците во коишто живеат.

Преку овие проекти тие помогнаа и поддржаа 2687 лица од различни ранливи категории, вложувајќи 28 950 волонтерски часови. ЛИНК од настанот.

Коментари

Коментари

Related Articles