Една поинаква зима во Скопје – Снег без престан паѓало 105 дена

 Breaking News

Една поинаква зима во Скопје – Снег без престан паѓало 105 дена

Една поинаква зима во Скопје – Снег без престан паѓало 105 дена
February 28
20:26 2018

За историјата на главниот град на Македонија раскажувале многу градски хроноичари, но ретко кој не слушал приказни и од претците, но од постарите сограѓани кои раскажуваат за едни убави стари времиња…

Најчудните работи што му се случиле на Скопје во периодот од 1955 до 1963 година се: Чудниот снег кој веел 105 дена без престан, поплавата во 1962 година и секако она што на секој скопјанец му буди најмногу емоции кога ќе се спомене 1963 година, катастрофалниот земјотрес.

Во Скопје под чудни околности во 1955/56 година без престан паѓало снег 105 дена. За оваа чудна зима има многу малку информации и многу малку се сеќаваат старите жители. Радијата секојдневно најавувале нови врнежи на снег се до последниот ден од бурата, а тоа бил рекордниот 105-ти ден од далечната 1955/56.

Мажите секојдневно ги чистеле улиците за да можат да одат на работа, а секое утро се зголемувале сантиметрите на ново паднатиот снег. Таа зима никогаш нема да ја заборави ни еден скопјанец, кога неговата сопруга на свет ја донела нивната прва ќерка, а тој на раце низ снегот ја носел својата сопруга од Драчево до државна болница за да се породи. Извор СкопјеИнфо.

Коментари

Коментари

Related Articles