ДУИ со порака до СДСМ: Ако нема закон за јазици, ќе нема ни Влада

 Breaking News

ДУИ со порака до СДСМ: Ако нема закон за јазици, ќе нема ни Влада

ДУИ со порака до СДСМ: Ако нема закон за јазици, ќе нема ни Влада
March 09
15:55 2018

Недоразбирањата меѓу владините партнери ДУИ и СДСМ со секој поминат ден само се продлабочуваат. Владини извори брифираат дека партијата на Али Ахмети и натаму не попушта и законот за употреба на јазиците го смета за завршена работа. Од друга страна, социјалдемократите бараат време преку дијалог да се обидат да се договорат со ВМРО-ДПМНЕ која, пак, останува цврсто на ставот дека не ги повлекува 35. илјади амандмани.

Али Ахмети и неговата партија го предупредија премиерот Зоран Заев дека без договор за закон за албанскиот јазик ќе нема ни владина коалиција ни Влада. Иако се очекуваше, сепак извори блиски до ДУИ тврдат дека нивниот лидер Али Ахмети нема намера да седне на маса со премиерот Зоран Заев и да разговара на тема закон за јазици бидејќи истиот го сметаат за веќе завршена работа. Од ДУИ му порачаа на Заев наместо со Ахмети, да се сретне со Христијан Мицковски и да поразговараат околу амандманите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Законот за јазиците е затворено прашање за ДУИ уште при формирањето на Владата. Овој закон е столб на владината коалиција. Законот ќе биде донесен многу скоро, со поддршка од СДСМ, и тоа во форма како што веќе е изгласан во Собранието, бидејќи таков е договорен со партијата на Заев при формирањето на Владата.

Нема промена на нашите позиции, односно ќе нема амандманска расправа за законот“, изјави висок функционер на ДУИ. Истиот извор негира дека овој закон е кочница за работата на парламентот и дека вистинскиот виновник кој го кочи гласањето на клучните реформи што бараат најмалку 80 отсто гласови треба да се бара во редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Целиот текст прочитајте го на Независен.

Коментари

Коментари

Related Articles