Џафери пред одлука да ги отфрли сите амандмани за Законот за јазиците – Утре ќе решава Собранието за Законот за јазиците

 Breaking News

March 13
18:07 2018

За утре претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа седницата за Законот за јазиците, за кој се поднесени 35.000 амандмани од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, што  најголем број амандмани за некој закон до сега.

Седницата почнува во 13 часот, а засега не е соопштено дали ќе се гласа за амандманите.

Дел од присутните на состанокот, за НОВА брифираат дека се очекува Џафери утре да ги отфрли сите амандмани, со образложение дека со нив се бара да се оцени уставноста на  Законот, што не е во надлежност на пратениците. Оние кои сметаат дека Законот е неуставен ќе бидат упатени да поднесат претставка до Уставниот суд.

Седницата за Законот за јазици  требаше да се одржи минатиот вторник, но тој обид пропадна поради тоа што ДУИ и СДСМ не постигнаа договор дали да се отвори расправа за амандманите поднесени од ВМРО ДПМНЕ.

Коментари

Коментари

Related Articles